Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Наковски „Потешко е да се одбрани, отколку да се освои трофејот!“, дебитантите „бркаат“ изненадување!

  • March 25, 2026

Тридневниот одбојкарски спектакл од 33. издание од Купот на ОФМ 2026, по пауза од 15 години се враќа во главниот град, а финалниот турнир од 26 до 28 март ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Програмата стартува на 26 март (четврток) со полуфиналните натпревари во женска конкуренција, каде покрај бранителот на титулата, Наковски Волеј, за првиот пехар во сезоната ќе се борат и тројца дебитанти Младост УГД, Газели Волеј и Вардар ЕМ.

Скопското дерби меѓу Газели Волеј и Вардар ЕМ од 17:30 часот ќе означи почеток на завршницата од Купот. „Газелите“ во дебитантската прволигашка сезона, испишаа уште еден клупски успех, пласманот на Ф4.

„Дебитанти сме како во првенството, така и во Купот и токму поради тоа, ниту јас, ниту комплетниот тим не го криеме големото задоволство што сме дел од финалниот турнир. Благодарност и браво до Федерацијата која ја задржа традицијата да се игра завршен турнир, и тоа во Скопје и верувам дека публиката ќе дојде во што поголем број и ќе допринесе ова да биде еден празник на одбојката. За натпреварот може да истакнам дека со Вардар ЕМ двапати се соочивме во првенството и имаме две победи, кои ни даваат нијанса предност, но влегуваме многу внимателни. Сепак екипата на Вардар ЕМ успеја да направи изненадување во четвртфиналето и да елиминира фаворит и поради тоа ќе бидеме многу внимателни и се надевам дека на крајот ние ќе славиме“, вели тренерот на Газели Волеј, Деан Стојанов.

„Во Купот ќе се соочиме со екипи кои имаат доволно искуство и сите се силни. Наше е да одиграме тоа што го знаеме најдобро и да се покажеме одлично во дебитантскиот настап“, додаде капитенот на „газелите“, Теа Терзиевска.

На исторски успех се радуваат и „црвено-црните“ девојки, кои откако го победија ланскиот учесник на Ф4 од Купот, Фит Фан Волеј во осминафиналето, а потоа го елиминираа и фаворитот Работнички Скопје во четвртфиналето, сега се надеваат и на ново изненадување.

„Екипата на Вардар ЕМ досега во првенството покажа дека може да победи секој, а се надевам дека така ќе биде и на утрешниот меч. Подготвени сме за предизвикот – полуфинале од Купот. Пресреќни сме што обезбедивме пласман на Ф4 во Купот, за првпат, и ова е историски момент за нас, кој се надевам дека ќе го искористиме. Девојките со нетрпение и со огромна возбуда го очекуваат овој натпревар. Моите совети беа дека треба да играме растоварено, немаме притисок и со задоволство ќе влеземе во полуфиналето и ќе заврши во наша полза. Среќен сум што Купот на ОФМ се игра во Скопје, во една сала како ‘Јане Сандански’ која ги задоволува сите стандарди и се надевам дека публиката ќе дојде во голем број да ги следи и женските и машките натпревари и да ужива во овој спектакл“, истакна Јован Шапе предводникот на Вардар ЕМ.

„Среќна сум што Купот се игра во Скопје, затоа што ќе се чувствуваме како домаќини и ќе имаме публика која ќе не поддржи. Ова е еден историски успех на нашата екипа, среќни сме и задоволни со самиот пласман на финалниот турнир, но не треба да застанеме тука. Приредивме две изненадувања на патот до Ф4, па зошто таквата серија да не продолжи, за еден или два натпревари. Ќе влеземе во полуфиналето комплетно фокусирани и мотивирани и ќе се бориме до крај за секој поен“, оптимистички размислува, Ана Јаничиќ, капитенот на Вардар ЕМ.

Вториот полуфинален дуел кај дамите, ќе биде „финале пред финалето“ во кој двата најдобри тима во регуларниот дел од првенството ќе ги измерат силите на патот кон трофејот, бранителот на пехарот Наковски Волеј и Младост УГД, меч, кој се игра од 19:30 часот. Ривалите одиграа интересни меѓусебни дуели сезонава, имаат скор од 1-1 во победи, што носи дополнителна неизвесност.

„Целата сезона ја одигравме на високо ниво, каде единствен пораз во првенството имаме од утрешниот противник, Младост УГД. Тоа беше, се надевам, само еден лош ден за нас, кој нема да се повтори. Моите девојки верувам дека ќе го дадат својот максимум и ќе обезбедиме второ финале во низа, трето во клупската историја и се надевам дека бремето кое ни тежи како бранител на титулата, ќе може да го износиме. Сметам дека е потешко да се одбрани титулата, а и ние по потешкиот пат ќе мора одиме кон ново финале и ако даде Господ и до уште една куп-титула“, смета Хари Наковски, стратегот на Наковски Волеј.

„Како бранители на титулата се надеваме дека ќе го дадеме максимумот и ќе покажеме колку можеме, за пехарот одново да биде во нашите раце. Спомена и тренерот дека во текот на целата сезона имаме само еден пораз од Младост УГД и очекуваме еден тежок и неизвесен полуфинален натпревар“, заклучи организаторот на играта на Наковски Волеј, Софија Пандева.

Истото мислење го делат и претставниците на Младост УГД, односно штипскиот состав знае дека доколку го мине полуфиналниот предизвик можеби патот кон првата куп титула ќе му биде отворен.

„Не очекува исклучително интересен и квалитетен натпревар. Самата ждрепка сакаше најдобрите два тима од првенството да се сретнат во полуфиналето што дополнително кажува на квалитетот на овој дуел. До полуфиналето стигнавме победувајќи исклучително тежок ривал, ланскиот финалист Јанта Волеј КВ и заслужено сме тука денеска. Влегуваме мотивирани и ќе дадеме се од себе за да стигнеме до големото финале.. Наковски Волеј е квалитетна екипа и искуството од играње на вакви големи натпревари е на нивна страна, но верувам дека во дуелот ќе пресудат нијанси. За нас тоа претставува мотив плус за да одиграме поконцентрирано и помотивирано. Нека победи подобриот и се надевам дека публиката ќе гледа интересен и квалитетен натпревар“, заклучи Кристина Лазаровска, тренерот на Младост УГД.

„Младост УГД за првпат ќе игра во полуфиналето од Купот на ОФМ и тоа е резултат на големата борба и силниот тимски дух. Нашиот тим покажа карактер, желба и срце на терен, со тоа се избори меѓу најдобрите четири. Ова е само еден чекор до целта која ни е зацртана и наше е да продолжиме уште помотивирано и уште посилно“, децидна е Сара Стојанова која ја носи капитенската лента во штипскиот состав.

Победниците од полуфиналните дуели, в сабота (28 март) од 17:30 часот ќе се соочат во финалето.

Влезот на сите натпревари од Купот на ОФМ 2026 е бесплатен и вратите на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат широко отворени за сите љубители на спортот и одбојката.

Сите натпревари од 33. издание од Купот на ОФМ ќе имаат и директен ТВ пренос на МРТ3.

  • March 28, 2026

„Хет-трик“ Куп за Штип УГД

  • March 28, 2026

Куп-сензација: Историски пехар за Вардар ЕМ!

  • March 28, 2026

Премиерно финале за Вардар ЕМ, Наковски Волеј се надева на „трета среќа“

  • March 28, 2026

Штип УГД го брани, Борец го „напаѓа“ Куп-пехарот

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (105)
  • Репрезентација (190)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (67)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (29)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (1)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings