Македонскиот претставник Штип УГД првиот натпревар од 1/16 финалето во Челинџ купот го игра на домашен терен, на 10 декември (среда), кога во салата „25 Мај“ во Радовиш, од 19 часот, ќе го пречека италијанскиот состав Милано.
Актуелниот носител на куп-титулата пред неполна седмица со убедливи 3:0 и преку „златен сет“ го елиминираше норвешки Кол Ил за да се најде во главната рунда од третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Според распоредот на ЦЕВ првите натпревари од 1/16 финалето се играат на почетокот на декември, односно периодот од 10 до 12 декември, додека реваншите се веднаш по Нова година односно 5 до 7 јануари.
Реваншот во Италија, Штип УГД ќе го игра на Бадник, односно 6 јануари од 17:30 часот во „Центро Павеси“ во Милано.