Одбојкарската федерација на Македонија објавува јавен оглас за ангажирање истражувач/истражувачка за родова еднаквост во спортот во рамките на проектот „Жените како движечка сила на одбојката“, кој е дел од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“.
Детали за проектот, задачите и квалификациите кои се потребни да ги исполнуваат кандидатите може да ги најдете на линкот во продолжение.
Заинтересираните кандидати со куса биографија може да аплицираат на меил адресата: vfmkd@vfmkd.mk со назнака: „Пријава за истражувач за проект за родова еднаквост“ најдоцна до 30 ноември 2025 година.