Македонскиот претставник во ЦЕВ Челинџ купот, Работнички Скопје славеше со 3:2 (25:19, 20:25, 14:25, 25:22, 15:5) над РАЕ Спортдикол во реваншот од првото коло во третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Победата носи радост за одбојкарките на Работнички Скопје и за македонската женска клупска одбојка која по подолго време може да се пофали и со уште еден претставник по Јанта Волеј КВ кој остварил победа на европско тло.
РАЕ Спортдикол поради подобар сет-количник продолжува во следната рунда, додека за нашиот вице-шампион со ова завршува европската сезона.
Дури четири одбојкарки во редовите на Работнички завршија со двоцифрен ефект – Тамара Стојанова со 19 поени, Антонија Баталаковска 14 поени, Јана Балов 11 поени и Ана Павлоска 10 поени, додека Марија Василевска имаше девет поени.

Дебитантскиот настап во Европа го завршува по два натпревари во, откако со 0:3 (15:25, 21:25, 15:25) загуби од чешка Острава во реваншот, кој вечерва го одигра пред својата публика во салата „Парк“ во Струмица.
Одбојкарките на Александар Митев најавија дека ќе се борат до крај и дека ќе понудат посилен отпор на фаворитот во возвратниот меч и тоа и го реализираа. Се обидоа да парираат, но младоста и неискуството беа пресудни.
Лиља Ковачевиќ, Сара Марковиќ, Ивана Милева и Ива Стојкоска реализираа по седум поени, додека Мила Долдурова имаше четири поени.