Македонскиот женски првак Јанта Волеј КВ со 1:3 (15:25, 10:25, 25:20, 9:25) загуби од Волеро Ле Кане во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите во СЦ “Јане Сандански” во Скопје.
Тимот на Никола Јаневиќ се соочи со далеку посилен ривал, со многу интернационалки во своите редови, но и покрај негативата од 0:2, најде начин како да го изненади фаворитот и да му одземе сет.
Коректорот Мери Бошковска беше најрасположена со 17 поени, додека Бојана Маројевиќ освои шест, а средните блокери Јасмин Ледесма и Татјана Јаневиќ имаа по пет поени.
Реваншот се игра следната недела (13 ноември) во Франција.

Нашиот претставник во ЦЕВ Челинџ купот, Работнички Скопје со 0:3 (15:25, 24:26, 18:25) загуби во првиот натпревар со РАЕ Спортдикол кој се играше во Јури, Естонија. Имаа шанси нашите одбојкарки да го освојат вториот сет, но не ги реализира.
Најефикасна беше Тамара Стојанова со 16 поени, додека Кариа Трифуновска и Марија Василевска имаа по пет поени, а Андротеа Милевска освои четири.
Работнички Скопје двомечот го игра на гостински терен, а реваншот на програмата е денеска од 18 часот по македонско време.