Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Јанта Волеј КВ во пресрет на третото во коло во ЛШ: Оптимисти сме, изненадувања постојат!

  • November 3, 2025

Македонскиот женски првак Јанта Волеј Кисела Вода успешно ја мина првата пречка во квалификациите во ЦЕВ Лигата на шампионите, а во рамките од третото коло утре, 18 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го пречекува францускиот претставник Волеро ле Кане.

Девојките на Јанта одново ќе се обидат да го искористат домашниот терен како стартна предност за нов европски успех, иако во таборот се свесни дека сега ги очекува многу посериозен противник.

„Подготвени сме за предизвикот, иако како и за првите натпревари, така и сега остануваме скромни во изјавите и очекувањата. Волеро е многу поквалитетен противник од Гацко, со многу интернационалки во составот, но тоа е и клуб кој доаѓа од многу поквалитетно првенство, а има и долга традиција во настапите на европската сцена, за разлика од нас. Потребна ќе ни биде комплетно нова стратегија во играта. Ние ги анализиравме, но немаме комплетно јасна слика за нив, многу работи ќе бидат познати по првиот меч утре. Фокусирани сме на нашата игра, најважно ќе биде девојките да одиграат најдобро што можат, да го дадат максимумот, па ако освоиме сет-два или ако стигнеме до нешто повеќе, се е тоа во наш прилог“ – коментираше на средбата со медиумите, Никола Јаневиќ, тренерот на Јанта Волеј КВ.

Одбојкарките се подготвени да докажат дека не случајно се радуваа во двомечот со Гацко во претходната рунда.

„Престојниот двомеч е одлична можност за Јанта Волеј КВ да покаже дека не случајно ја мина првата пречка во Лигата на шампионите. Ние сме задоволни со самиот факт дека испишавме историја, но исто така и свесни дека можеме уште да дадеме. Ме радува што имаме силен противник пред нас, затоа што тоа ќе донесе уште поголема мотивираност за игра на теренот, да се даде максимумот и да се понуди силен отпор. Имаме убава атмосфера, хемија и сплотеност во екипата и зошто да не приредиме изненадување!? Очекуваме и публиката да дојде и да не поддржи во уште поголем број од првиот натпревар. Таа ни беше ветер во грб и мотив и се надевам дека така ќе биде и утре“, вели капитенот на тимот, Тамара Тасевска.

Интернационалната Ана Старчевиќ која беше една од најефикасните во првите два дуели, го дели мислењето со Тасевска.

„Настапот во Лигата на шампионите е едно убаво искуство за нашиот млад тим. Немаме високи резултатски очекувања, туку се фокусираме на тоа да одиграме најдобро што можеме и да потврдиме дека сме со причина во третото коло. Во спортот, особено во женската одбојка, изненадувања постојат. Ако одиграме на посакуваното високо ниво, никогаш не се знае. Ние сме оптимисти!“, додава Старчевиќ.

Влезот во СЦ „Јане Сандански“ повторно ќе биде слободен за сите симпатизери на клубот и за сите љубители на одбојката.

  • November 28, 2025

ОФМ и селекторот Пауновиќ ја завршија соработката

  • November 27, 2025

Маџунков повторно интернационалец, ќе игра за Лувен во Лигата на шампионите

  • November 26, 2025

Јанта Волеј во нова европска „битка“, против Младост Загреб во ЦЕВ купот

  • November 25, 2025

Штип УГД на 10 декември ќе го пречека Милано во 1/16 финалето од Челинџ купот

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (99)
  • Репрезентација (182)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (21)
  • Инфо (57)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (23)
  • Европски купови (24)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings