Одбојкарскиот женски прволигаш Пелистер Волеј објави дека натпреварот против Младост УГД од 4. коло од Првата лига жени, кој се игра на 1 ноември (сабота) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток од 17 часот ќе биде од хуманитарен карактер.
Во знак на сеќавање и почит кон прерано починатата кошаркарска и спортска легенда на Битола, Зоран Петковски – Петкото, клубот одлучи сите сретства од продажбата на билетите за овој натпревар да бидат донирани на семејството Петковски како симболичен чин на солидарност.
Билетите се по симболична цена од 100 денари, а клубот ќе постави и два пункта за донации во салата „Боро Чурлевски“.
„Хуманоста нема цена! Дојди, донирај – помогни“ – е пораката која ОК Пелистер Волеј ја испраќа до своите поддржувачи и сограѓани.
