Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Деспотовски „Резултатите се најдобриот показател за работата на Федерацијата“

  • August 22, 2025

Одбојкарската федерација на Македонија, можеби, како никогаш досега имаше долго и топло лето, со полна работна агенда. Од 15 мај кога стартуваа подготовките на машкиот и женскиот А национален тим за настапите во Европската Златна, односно Сребрена лига, преку БВА Балканските шампионати за младинските селекции, организацијата и учеството на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ 2025), па се до евро-квалификациите и за машката и за женската сениорска репрезентација, кои финишираа на 17 август.

Три месеци макотрпна работа крунисана со четвртиот пласман во низа на машката репрезентација на Европското првенство 2026, што е само континуитет на еден процес, кој трае години наназад. Паралелно, во подем е и женската А селекција, која донесе прва радост на европско тло по пауза од 17 години, со победата над Луксембург во Европската Сребрена лига. Не застанаа дамите само на тоа, напротив покажаа дека и женската репрезентативна одбојка има позитивна градација, само треба да се остане истраен во работата. Базата е најважна, а дека имаме основа и квалитет во генерациите кои доаѓаат потврдија младинските селекции со настапите на Балканијадите и ЕМОФ 2025.

Генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, внимателно ги следеше сите активности на националните селекции и како еден од најинволвираните во комплетната организација и логистичка поддршка, прави и сублимат на сите случувања и постигнати резултати.

„Круна на комплетната работа на секој поединец во Федерацијата во изминативе три месеци, како и на комплетниот машки национален тим е пласманот на Европското првенство 2026. Слободно можам да кажам дека максимално се вложивме, а постигнатите резултати се најдобар показател за работата на Федерацијата“, е првиот заклучок на генералниот секретар Филип Деспотовски, кој продолжува: „Покажавме голема сериозност, ова зборувам и за машката и за женската репрезентација во настапите прво во Златната и Сребрената Европска лига. Ако претходно (ова особено се однесува за мажите) настапите во Европската лига се гледале како ‘подготвителни натпревари’ за некоја повисока цел, сега резултатите го потврдуваат спротивното. Имаме најуспешен настап во ‘златното’ друштво досега и со обезбедено учество за следната година. Дамите, пак, добија втора шанса во Сребрената лига, која максимално ја искористија. Не беа само учесник, туку победуваа и се бореа. Одиграа силни натпревари, квалитетни, нè израдуваа со прв триумф во Европа по пауза од 17 години – нè направија горди. Во евро-квалификациите, во последниот меч со Австрија покажаа дека доколку го задржиме високото ниво на работа на оваа генерација како и во претходните три години, многу брзо ќе можеме да се носиме и надигруваме и со посериозни екипи.“

По трите Европски првенства во низа, Деспотовски открива дека оваа генерација репрезентативци, чии дел беше и тој, имала план, кој е успешно реализиран.

„Планот на мојата генерација – јас така ја нарекувам бидејќи до неодамна бев дел од тимот, беше на следната генерација да се остави настап на ЕП. Со пласманот на ЕвроВолеј 2026 планот е успешно реализиран. Сакавме да оставиме нешто во наследство за следната генерација, за да не мора и тие како нас да почнуваат од нула. Летвичката е крената високо и континуитетот продолжува.“

„СО НОВА ГОЛЕМА ОРГАНИЗАЦИЈА ДА ИЗНЕНАДИМЕ ВО 2028“

Генералниот секретар на ОФМ потенцира дека мора да се задржи и континуитетот на сериозна работа со која ќе им се овозможат беспрекорни услови за работа на репрезентациите.

„Нè чека сериозна работа во следните години, кога ќе треба да донесеме и сериозни одлуки и да направиме нов голем чекор со учеството на ЕвроВолеј 2026, на кое сум сигурен дека ќе се појават некои нови лица (мислам на играчи). Се надеваме дека по тој континентален собир, во 2028 година ќе ги изненадиме сите повторно со некоја голема организација. Неизмерно многу значи и поддршката која ја имаме од Министерството за спорт и од партнерите на Федерацијата, која овозможува и на сите репрезентации да им понудиме беспрекорни услови за подготовки и за реализација на комплетниот план и програма на селекторите.“

СЕРИОЗЕН АКЦЕНТ НА МЛАДИТЕ

Покрај сениорските национални тимови, летово активни беа и младинските селекции кои настапија на БВА Балканските шампионати и Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.

„Почнавме да ставаме поголем и посериозен акцент на младинските категории, кои се основата и иднината на одбојката. Особено внимание посветивме на пионерките, бидејќи женската одбојка е најмасовен колективен спорт во Македонија. Сакајќи да останеме доследни на тој епитет, се зафативме со сериозна работа, организиравме неколку филтер – собири во кои констатиравме дека од квантитетот може да извадиме квалитет. Прв посериозен тест имавме на Балканијадата во Црна Гора, што е само прв чекор. Позитивно сум изненаден од кадетите кои ги предводеше Деан Стојанов на Балканијадата во БиХ, како и од машката селекција до 18 години која настапи и на ЕМОФ Скопје 2025. Од оваа генерација на одбојкари верувам дека наскоро ќе се појават нови лица во А селекцијата. Момците играа одлични натпревари, кадетите за еден сет не се најдоа во полуфиналето на Балканијадат и бевме на поен за сет или победувавме селекции како Грција и Романија, што е уште еден доказ за квалитетот на генерациите кои доаѓаат. Женската кадетска репрезентација водена од селекторот Александар Митев е можеби генерација што најмногу напредуваше во текот на годиниве. Дел од девојките се веќе на поширок список на А селекција и од овој олимписки циклус сигурен сум дека ќе се наметнат во сениорскиот национален тим“, потенцира Деспотовски.

ОРГАНИЗАЦИСКИ БЕСПРЕКОРНИ

Одбојкарската федерација на Македонија покрај резултатските успеси може да се пофали дека и организациски беше беспрекорна во текот на сите активности периодов.

„Во период од три месеци организиравме пет турнири, четири од нив во Струмица, во рамките од Европската Златна и Сребрена лига, во машка и женска конкуренција. Поради воено-политичката позиција во која се наоѓа Израел, ОФМ беше технички организатор и на нивните турнири во Европската лига во Струмица, и се помина одлично. Добивме највисоки оценки, што е од големо задоволство за нас. На ЕМОФ 2025 одбојката не доби ниту една негативна оценка или забелешка за организацијата што е уште еден доказ за одличната логистичка подготвеност на ОФМ, но и поддршката која ја имаме од сите тела што функционираат под капата на ОФМ. Организација на 49. меморијален турнир ‘Чајка’, кој стана препознатлив како бренд во Европа, па се до последните натпревари од евро-квалификациите во Скопје. Ќе потенцирам имавме долго, работно лето, но крајот го краси делото.“

КЛУБОВИТЕ СЕ БАЗА ЗА СĖ

Кусо време ќе има за оддишка канцеларијата на ОФМ, затоа што веќе почнуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона, која поради Светското првенство и според календарот даден од Европската одбојкарска конфедерација треба да стартува на средината на октомври.

„Репрезентативните активности ги финиширавме, а сега се насочуваме кон домашното првенство. Подготовките се во тек и во следните месец дека сме фокусирани на чекорите кои ќе треба да се спроведат во новото првенство. Поради одржувањето на Светското првенство календарот на ЦЕВ за националните првенства е така ‘скроен’ и тие треба да стартуваат на средината на октомври и да финишираат до средината на мај следната година. Нормално дека целиот процес околу репрезентациите нема да биде можен доколку работата во клубовите не е на високо ниво и Федерацијата нема соработка и поддршка од нив, па поради тоа сега фокусот ќе ни биде токму кон клубовите кои се основа за иден успех“, завршува Филип Деспотовски.

  • September 28, 2025

Светската одбојкарска круна за Италија

  • September 26, 2025

Судиите и делегатите викендов на Редовен годишен семинар во Охрид

  • September 26, 2025

ЦЕВ го објасни процесот на ждрепката за ЕП 2026: Ако не е избор на домаќините, Македонија ќе биде во четвртиот шешир

  • September 25, 2025

Четири нови клубови во Втората лига – жени во новата сезона

  • Uncategorized (3)
  • Домашна лига (97)
  • Репрезентација (175)
  • Повик/Известување (6)
  • Федерација (20)
  • Инфо (50)
  • Пионер(к)и (4)
  • Куп на Македонија (23)
  • Европски купови (7)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings