Македонските одбојкари брзо влегоа во ритам на подготовките за квалификациските натпревари за ЕП 2026. Грузија и Грција не се за потценување, но во црвено-жолтиот табор постои само една мисла, а тоа е уште отсега да се запечати настапот на континенталниот собир. Техничарот Ефтим Ричлиев не остава поинаква опција.