Бранителот на титулата, Наковски Волеј го комплетираше четвртфиналното друштво во Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција со победата од 3:0 над второлигашот Борец жени. Струмичкиот состав им се приклучи на екипите на Работнички Скопје, Газели Волеј, Младост УГД, Јанта Волеј КВ, Пелистер Волеј, Вардар ЕМ и Струмица жени, кои исто така со максимален резултат ги минаа осминафиналните пречки и си обезбедија билет за понатаму.
Резултатите од осминафиналната фаза не донесоа поголеми изненадувања, со исклучок можеби на податокот дека ланскиот полуфиналист Фит Фан Волеј оваа година настапот го заврши во раната фаза од натпреварувањето, со поразот од Вардар ЕМ, кој беше и еден од најинтересните натпревари во оваа рунда.
Четвртфиналните парови ќе бидат одредени преку полуфиригирана ждрепка, каде клубовите ќе бидат поделени во два шешири според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето од Купот исто така се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобропласираната екипа.
КУП НА ОФМ 2026 ЖЕНИ
ОСМИНАФИНАЛЕ:
Наковски Волеј – Борец жени 3:0 (25:11, 25:19, 25:18)
Работнички Скопје – Ново Село 3:0 (25:5, 25:10, 25:10)
Газели Волеј – Виола Волеј 3:0 (25:15, 25:7, 25:7)
Младост УГД – Форца Волеј ЕМА 3:0 (25:9, 25:18, 25:22)
Јанта Волеј КВ – Вардар жени 3:0 (25:13, 25:16, 25:14)
Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0 (25:14, 25:12, 25:16)
Струмица жени – Ускана 3:0 (25:8, 25:11, 25:16)
Вардар ЕМ – Фит Фан Волеј 3:0 (25:19, 30:28, 25:21)